Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, просечно стари по 11 години
Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции. Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53 отсто се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција, покажува базата на податоци на сите амбулантни возила во земјава, санитетски и возила за брза помош, што денеска ја објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Најмногу амбулантни возила има во Скопје, 30 и во Охрид и Битола по 12. Следат Велес и Куманово каде има по осум амбулантни возила. Двете најстари возила се од 1988 година, а најупотребуваното има поминато дури 1 милион и 360.000 километри.
-За споредба со амбулантните возила, министерствата и општините, според базата на податоци што Центарот за граѓански комуникации ја објави во октомври 2018 година, имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 15-то патничко возило доаѓа по едно амбулантно возило, велат од Центарот.
Базата на податоци е изработена врз основа на добиени одговори на барања за слободен пристап од сите 90 здравствени институции во земјава.
Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.
Ново на Сител
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко

