Нападнат ЛГБТИ активист во Сарај: „Педери мрш од тука, ќе ве убиеме“

Еден од шесте ЛГБТИ активисти кои вчера беа нападнати на Матка, а потоа во Сарај, вели дека група од 15 до 20 лица учествувале во инцидентот. Беким Асани од Тетово тврди дека насилниците им се заканувале дека ќе ги убијат, а еден од нив му удрил и бокс.
„Откако почнаа да ни префрлаат, ние заминавме со такси. Но, пет лица нè следеа и ми се нафрлаа мене. Еден од нив ме плукна. Постојано викаа „ќе те убиеме, мртов си“, а на другарките им викаа „вас ќе ве силуваме“. Една кола не следеше напред, една странично. Таа од напред два пати ни го пресече патот, па таксистот ја зголеми брзината. Но во Сарај имаше гужва, па откако трет пат ни го пресекоа патот, едниот излезе од колата, дојде и ја отвори врата од таксито, по што ми ја искина маицата, која не беше од „Скопје прајд“. Потоа ми удри бокс. По кратко време, се собраа и други лица и ни ја опколија колата, викајќи „педери мрш од тука, ќе умрете“, опишува Асани на социјалните мрежи.
„Фалеа секунди да завршиме многу полошо. Никој од нас немаше ЛГБТИ обележја. Тие ме препознаа мене. Сите сме шокирани, сè беше како на филм, ова нема да го заборавиме цел живот“, додава Асани.
Министерството за внатершни работи го документираше случајот, а утрово е приведено едно лице.
„Околу 16:00 часот на Кањон Матка, Б.И. (32), З.Л. (31) и К.Џ.(31) сите од Тирана-Албанија, И.А. (21) и Х.Л.(32) двете од Босна и Херцеговина и А.Б. (36) од Тетово биле пресретнати од група од околу 6-7 лица и навредувани зашто биле припадници на ЛГБТИ заедницата. За да избегнат проблем, се качиле во такси возило и се упатиле кон Сарај. По нив тргнало “Ауди“ со кое кога пристигнале во близина на плоштад “Иса Булетини“ во Сарај им бил попречен патот и такси возилото принудно запрело. Тогаш од “Ауди“ излегол возачот и започнал да го навредува и да упатува пцовки и закани насочени конкретно кон А.Б. и во еден момент физички го нападнал“, велат од МВР.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица
-

Мицкоски: Дел од синдикатите што денеска протестираат беа со мене на прес-конференции кога заеднички постигнувавме договори за поголеми права за вработените и повисоки плати
-

Протест на ССМ за повисока минимална плата и подобри услови за работа
-

Мицкоски: ДДВ за дизелот останува 18 проценти, се проверува дали компании прават реекспорт на горива во соседството
-

Мицкоски: Започна изградбата на катна гаража, а се реализираат и други проекти за охриѓани
-

Мицкоски: Има напредок во реформската агенда, опозицијата шири лаги и шпекулации
-

Околу 14.000 патници поминале преку ГП „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа
-

Претставен новиот „Адидас“ дрес на македонската фудбалска репрезентација
