Во Битола се одржа отворен ден на вежбата „Одлучен удар“
Попладнево во Битола, на плоштадот „Гоце Делчев“ во овој град, а во рамки на активности на воената вежба „Одлучен удар“, се одржа отворен ден за граѓаните, на кој беа прикажани дел од средствата, опремата и вежбовните активности што се изведуваат на оваа воена вежба во Република Северна Македонија.
Воената вежба „Одлучен удар“ е најголемата воена вежба во историјата на нашата земја, со околу 2.700 војници, истакна претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски.
-Посебна е честа што американскиот контингент е застапен со околу 40 проценти од учесниците на оваа мултинационална вежба или со над 1.200 американски војници, а тоа покажува дека стратешкото партнерство меѓу Република Северна Македонија и САД трае, успешно е, и е ефикасно. Со помош на САД очекувам до крајот на годината и формално да ја постигнеме нашата стратешка цел зацртана уште во 90-тите години, односно полноправно членство во НАТО алијансата, и во таа смисла можам да информирам дека процесот на ратификација на пристапните протоколи во сите држави членки на НАТО оди со одлично темпо и ние се надеваме дека до 4 декември, до Самитот на НАТО во Лондон и формално да станеме 30 држава членка на НАТО, истакна шефот на државата Пендаровски.
Битолчани, преку директна комуникација со припадниците на армиите имаа можност поблиску да се запознаат со опремата, постапките и процедурите што ги извршуваат учесниците на вежбата.
Вежбата во градот под Пелистер ја следеа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска која оцени дека во градот се случи голем настан, и јавно се заблагодари што беше овозможено да биде домаќин на претставници на армиите од САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора.
Ново на Сител
-

Девојче со часови не одговарало на телефон и врата, пожарникари влегле преку тераса - ја пронашле во длабок сон
-

Трамп: Се надевам на крај на војната со Иран
-

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3
-

Американската армија треба да е подготвена за борба околу Месечината, изјави главниот воен советник на Трамп
-

САД усвои закон за нови санкции и царини против Русија
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска

