-->
-->
Слаб род на сината слива во Пијанец
-->
Пијанечките овоштари годинава бележат рекордно низок род на модрата слива, еден од најпознатите во овој крај од Источна Македонија.
– Минатата година ситуацијата беше спротивна, имавме род, но немаше кој да ни ги откупи сливите. Годинава поради измрзнување во зимскиот и посебно во пролетниот период кога имавме ниски температури, родот е преполовен и овоштарите повторно имаат прилично лоша година зад себе. Сега и сушата создаде дополнителни проблеми, така што и оваа година ќе биде промашена за нас, кога е сината слива во прашање, вели Атанас Ангеловски, кој се занимава со овоштарство.
Ваквата состојба ја потврдуваат и приватните сопственици на насади со слива, како и од компанијата ,,Рудине”, од каде велат дека единствена светла точка во целата ситуација е тоа што онаа слива што ја има како род, ќе биде со добар квалитет.
Од ,,Рудине” велат дека овоштарите во иднина треба да се преорирентираат кон засадување на култури како малина, која е ретко застапена на овие простори, а достигнува висока цена на странскиот пазар.
– Оваа година ние за прв пат имаме добар род од нашите плантажи со малина. Очекуваме да набереме околу 10 тони од оваа култура, која им ја препорачуваме на овдешните овоштари, бидејќи пласманот е сигурен, а и цената е прифатлива, велат од „Рудине“.
Во Пијанец има 252 илјади садници со сини сливи засадени на околу 650 хектари. Минатата година произведени беа рекордни 12 илјади тони сина слива
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии

