Трамп и Си се договорија за „прекин на огнот“ во трговската војна

Кина и САД се вратија на „вистинскиот пат“ кон постигнување трговски договор, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг во Осака.
Како што пренесуваат светските агенции, Трамп и Си постигнале договор „за нов прекин на огнот“ во трговската војна, која трае една година.
САД и Кина се договорија да ги „рестартираат“ разговорите за трговија, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа, по состанокот на двајцата лидери на самитот Г-20 во Осака. Според Ксинхуа, Вашингтон нема да воведе нови санкции на увоз на кинеска стока. Трамп изјави дека тој и Си во Осака имале „многу, многу добар состанок“, кој излегол подобар од што се очекувало.
Пред состанокот американскиот претседател рече дека е отворен за трговски договор со Си, кој би бил „монументален“.
– Мислам дека сме многу блиску, рече Трамп. Самитот Г-20 во Осака е неформален форум на кој присуствуваат шефови на влади или држави од 19 најразвиени земји во светот и Европската унија.
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
