Жители од селата во близина на патарината кај Смоквица бараат да бидат ослободени од плаќање
![]()
Граѓаните од Миравци, Прдејци и Смоквица, во врка со воведувањето патарина на овој дел од автопатната делница,бараат од градоначалникот на општина Гевгелија,Сашо Поцков да бидат ослободени од плаќање.
Градоначалникот Поцков ги подржува граѓаните за кои, како што рече,патарината ќе претставува голем финанасиски товар затоа што секојдневно тие патуваат двонасочно до Гевгелија на работа или по други потреби.
– Поради ваквите реакции и барања на граѓаните уште на 10-ти овој месец, упатив писмено укажување до Јавното претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија дека мора да се најде решение за проблемот до ставање во функција на патарината кај Смоквица,рече Поцков.
Според него,едно од можните решенија е да се доизградат преостанатите два километри од регионалниот пат Прдејци-Смоквица, по што жителите од споменативе села нема да мора да плаќаат патарина.
Доколку стартува наплатата на патарината кај Смоквица, а регионалниот пат не биде готов за употреба, градоначалникот Поцков бара од Јавното претпријатие за државни патишта, кој е инвеститор и на патарината и на регионалниот пат, да се најдат можности за алтернативно решение поради оправданите реакции на граѓаните.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
