Двајца повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Двајца возачи од Виница и од Штип се тешко повредени во сообраќајната несреќа која што се случи на патот Штип – Радовиш, кај м.в. Шести километар, или кај винарската визба ИМАКО.
Според првичните информации од СВР Штип, во несреќата учествувале камиот „ТАМ“ и комби при што дошло до судир меѓу двете возила. За причините, надлежните од СВР велат дека ќе информираат во текот на денот по завршување на истрагата.
Повредени се двајцата возачи во двете возила кои пренесувал едниот сено, а вториот безалкохолни пијалаци и се хоспитализирани во штипската клиничка болница.
Штипските пожарникари веднаш реагирале и излегле на терен, вели Тони Атанасов, командир на штипската противпожарна единица. И двајцата возачи се извлечени од возилата.
Во моментов сообраќајот се одвива во една коловозна лента и го контролира сообраќајна полиција.
Инаку, ова е позната црна точка на патот Штип – Радовиш каде што постојано се случуваат вакви тешки сообраќајни несреќи, а голем дел од нив завршуваат и со фатални последици, односно има жртви.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
