-->
-->
Вујошевиќ одбил селекторска понуда од МКФ
-->
Трофејниот кошаркакрски тренер, Душко Вујошевиќ, ја одбил понудата на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), да стане селектор на репрезентацијата, пренесува Новости на својата интернет страница.
Вујошевиќ, кој изминатите неколку денови се поврзува со клупата на евролигашот Армани Милано, рекол дека во овој момент повеќе го привлекува работата во клупската кошарка.
„Моите размислувања одат во насока дека како тренер сакам да работам во текот на целата сезона“, рекол трофејниот стручњак.
Инаку, Душко Вујошевиќ, кој изминатите 15 години го предводеше Партизан (со исклучок на 2010 година), на почетокот од сезоната го напушти клубот. Во кариерата тој во три наврати бил тренер на Партизан, Црвена ѕвезда, Бреша, Пистоја, Пезаро, Раднички од Белград и ЦСКА Москва, а бил и селектор на репрезентацијата на Србија и Цора во 2003 година, односно на репрезентацијата на Црна Гора.
Македонската кошаркарска репрезентација е без селекторт откако Марјан Србиновски ја напушти функцијата по завршувањето на Европското првенство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава