Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун
Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била наменета против локалното население кое се занимава со одгледување и производство на домашен тутун
– Мораме да напоменеме дека акцијата беше наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволена сорта на тутун од типот „Вирџинија“ која во себе содржи енормно високо ниво на катран и песитциди и истиот е штетен по здравјето на луѓето. Целта на акцијата не беше да се конфискува тутун производен од локалното население, туку нелегално увезениот и штетен тутун по животите на нашите граѓани. Првичните информации говорат дека над 90 проценти од запеленетиот тутун потекнува од нелегалниот увоз и од штетната сорта Вирџинија, се наведува во соопштението.
Управата за финансиска полиција истакнува дека акцијата е спроведена по претходно спроведени контроли и истражни дејствија дека група правни и физички лица од државата увезуваат од оваа недозволена сорта тутун кој потоа се носи на повеќе локалции каде се сече, реже и пакува во амбалажа од 300, 500, 800 или 1000 грама и се обележува со натпис од познати брендови.
– Така добиениот готов производ кој претставува опасност по здравјето на граѓаните без акцизна бандерола нелегално се продава на пазарот во Република Северна Македонија, спротивно на законските обвсрки, односно се избегнува плаќање на акциза, со што во текот на 2018 и 2019 година, Буџетот на Република Северна Македонија е оштетен за 7,5 милиони евра, појаснуваат од Управата за финансиска полиција.
Оттаму изразуваат жалење доколку вчерашната акција предизвикала вознемиреност кај локалното население и информираат дека денеска директорот на Управата одржал состанок со претставник на месната заедница на селото Љуботен и со дел од жителите на селото.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка

