Почна гласањето за нов Генерален секретар на Советот на Европа

Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа од изутринава гласаат за избор на нов Генерален секретар на најстарата паневропска организација, јавува дописникот на МИА.
Кандидатите се двајца шефови надипломатијата – на Белгија, Дидие Рејндерс и хрватската министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ. Шансите за избор на двата кандидати се изедначени.
Рејндерс е либералн, додека Пејчиновиќ Буриќ припаѓа на Европската народна партија, што не е за потценување, бидејќи на Парламентарното собрание на Европската народна партија е најбројна и брои 159 членови, додека членовите на Либералите брои само 77 парламентарци.
Гласањето за избор на Генерален секретар на Советот на Европа се одвива во клима на криза и поделби меѓу членовите со враќањето на руската делегација во ПССЕ, но и со заминувањето на украинската делегација во знак на протест, чии членови нема да гласаат за изборот на новиот Генерален секретар.
Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое се состои од 324 членови на националните парламенти од 47 земји-членки,се изјаснува сп тајното гласање за избор на нов генерален секретар, кој ќе имапетгодишен мандат. Резултатите од гласањето треба да бидат познати околу 21 часот.
Советот на Европа е меѓународна организација со седиште во Стразбур, чија задача е да се грижи за владеењето на правото, демократијата и човековите права во Европа. Таа е основана во 1949 година и денес има 47 земји-членки, низ цела Европа, освен Белорусија и Косово.
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
-

Бројот на загинатите во земјотресот во Колумбија достигна 254
-

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок
-

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта
-

Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија
