Копа Америка: Аргентина го совлада Катар за четвртфинале

Аргентина со минимални 2:0 го совлада „гостинот“ на Копа Америка 2019, Катар за прва победа на континенталниот шампионат и за пласман во четврт-финалето на турнирот, откако Колумбија го потврди првото место на табелата со 1:0 победа над Парагвај.
Аргентинците имаа катастрофален старт на турнирот со поразот од 2:0 од Колумбија и 1:1 ремито со Парагвај, но на крајот се соземаа и најдоа сили да ги совладаат незгодните Катарци, кои во голем дел од мечот беа рамноправен противник.
Ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез ги донесе „албиселесте“ во водство уште во четвртата минута по грешка на одбраната на Катар, додека конечните 2:0 ги постави Серхио Агуеро во 82. минута, откако во второто полувреме, Аргентинците играа многу подобро и создаваа повеќе шанси.
Сепак, првото место во групата Б оди кај Колумбија, која го изддржа почетниот притисок од мотивираните Парагвајци во Салвадор, за во 31. минута по една убава акција Густаво Куелјар да донесе победа.
КОПА АМЕРИКА, ГРУПА Б
Аргентина – Катар 1:0
Колумбија – Парагвај 1:0
Табела: 1.Колумбија 9, 2.Аргентина 4, 3.Парагвај 1, 4.Катар 1
АРГЕНТИНА – КАТАР

Ново на Сител
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
-

Од утре повремен дожд и пониски температури
-

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката
-

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик, јасна е одлуката на Венециската комисија
-

„АЛТА банка“ од понеделник ќе ја отвори и експозитурата во Прилеп, ќе може да се подигнат до 20.000 денари