Интензитетот на сообраќајот зголемен, одрони на патот Делчево – Каменица

Поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Каменица се одвива по една сообраќајна лента, информира АМСМ.
Изменетиот сообраќаен режим ќе трае до рaсчистување на коловозот.
Промена на режимот на сообраќај, во времетраење од шест месеци, од вчера има на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, поради изведување градежни активности за поставување електрично осветлување на крстосницата Другово, како и поставување индуктивни јамки на патниот правец Маврово-Кичево
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
