Во Словенија секој десетти вработен е странец, најмногу од БиХ и од Србија

На Словенија и недостасува работна сила за одржување на високо ниво на економски раст во изминатите години. Тоа го нагласи министерот за економија, Здравко Почивалшек, во разговор со странски компании, јавија словенечки медиуми.
Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот од минатата година во Словенија имало 885,700 активни лица, меѓу кои 87,700 странци, што значи дека речиси десетти вработен е странец.
Најмногу од нив се од БиХ (околу 42.000), потоа од Србија (речиси 11.000).
Следат работници од Хрватска, но разликата е што хрватските работници во Словенија повеќе не бараат работни дозволи, со оглед на членството на Хрватска во Европската унија.
Речиси 7.100 вработени во Словенија се од Косово, а околу 6.000 од Македонија.
Вработувањето од трети земји од 2015 година е олеснето со добивање дозволи за работа и за престој во општините, дипломатските мисии во странство или преку агенциите за вработување, така што зголемувањето на бројот на странци вработени во последниве години е многу високо.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
