Кумуцакос: Постои хипокризија од ЕУ

Хипокризија од ЕУ е прво да ја притиска Грција за штетниот Договор од Преспа, а сега да вели не одиме напред со интегративниот процес, вели одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, во однос на вчерашните заклучоци за Северна Македонија на Советот на министри на ЕУ, коментирајќи дека тоа го задира кредибилитетот на Унијата.
Како што јавува дописничката на МИА од Атина, Кумуцакос говорејќи во дебатна емисија на грчката телевизија ЕРТ, додава дека постојат држави што реагираат и не сакаат Скопје да започне пристапни преговори.
-Овде постои хипокризија, бидејќи Европската унија која ја притискаше Грција за да се постигне овој компромис – штетен според мислењето на Нова демократија и на мнозинството од грчкиот народ – толку многу притискаше за брзо да одат работите, и иако се постигна, сега вели не одиме напред со интегративниот процес и ова е едно прашање што уште еднаш го задира кредибилитетот на Унијата. Јас сум против тоа да ги издигнеме очекувањата за државите од Балканот и потоа да се појави незадоволство, бидејќи ова води кон одново појавување на национализмот и тоа е погрешно, објасни надлежниот за надворешна политика во Нова демократија.
Говорејќи за Договорот од Преспа и за тоа дали Нова демократија ќе го почитува, Кумуцакос рече дека одлуките од претходната влада ја обврзуваат земјата и објасни дека за Грција исто како и во односите со Турција, најважно е почитувањето на меѓународното право и меѓународните договори.
-Претходно дискутиравме за Турција, целата наша дискусија се базираше на еден основен факт дека за Грција приоритет е почитување на меѓународното право и меѓународните договори. Грција нема можност и ова е долгогодишна позиција и позиција на сите партии, Грција нема можност да направи било што, што ќе ја оспори оваа нејзина фундаментална позиција. И кон Турција која ја обвинуваме за ревизионизам, нема да можеме да го правиме тоа, ако не се придржуваме кон обврските кои погрешно ги презеде претходната влада, но ја обврзуваат земјата. И секако еднострано поништување би можело да доведе до соодветно поништување од другата страна, а според тоа потрага по име кое веројатно може да биде само Македонија, без да го имаме оружјето за да не влезат во НАТО. Според тоа работите се јасни, без популизам, искрено, оваа е позицијата, објасни Кумуцакос.
Пратеникот и надлежен за надворешна политика во Нова демократија, во дебатната емисија на ЕРТ, го повтори ставот на партијата дека Грција како член на ЕУ на никој начин и никогаш нема да отстапи од правото на вето „ако работите што се однесуваат на северниот сосед во Европската унија не ги задоволуваат грчките национални интереси“.
Ново на Сител
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
-

Од утре повторно температури над просекот и повремен дожд
