Пет лица тешко повредени во страотна сообраќајка на Блаце

Вчера околу 13.30 часот на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Блаце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(37) од Косово, со привремено живеалиште во Тетово и патничко возило „Рено Клио“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Г.(36) од Косово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Р.(53) од Косово, сопатник во возилото „Рено Клио“, додека И.Р.(51) од Косово, со привремено живеалиште во Германија, сопатник во истото возило, се здобил со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.
Со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот од возилото „Рено Клио“, Ш.Л. (37) од Косово, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош.
Исто така, со телесни повреди се здобиле и возачите Ш.С. и Н.Г.. Ш.С. со друго возило отишол во болницата во Тетово, додека Н.Г. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
