Умерено зголемена фреквенција на возила на Деве Баир
Фреквенцијата на возилата кои од утринава поминале низ граничниот премин помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија кај Крива Паланка, Деве Баир, е незначително зголемена во однос на претходните денови.
Од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток кај Деве Баир, информираат дека иако е продолжен викенд, не се зголемил значително бројот на возила и патници кои ја минуваат границата.
– Нема задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата, а од утринава не се забележани ниту поголем број автобуси кои патуваат кон туристичките центри во соседна Бугарија. Речиси ист број возила влегуваат и излегуваат од државата, со што очекуваме во текот на денот да не се надмине стандарднат бројка на возила кои циркулираат во двата правци, околу 5.000, информираат надлежните од ПС за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток.
Како што посочија оттаму, просечниот број возила кои минувале низ овој граничен премин за време на изминатите празнични-продолжени викенди годинава, достигнувал и до 9.000 во текот на едно деноноќие.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито

