Зборник и дебата за историските наративи
Зборник на текстови „Наративите во полуавторитарни режими: случајот со Македонија“ во издание на Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) вечерва беше промовиран во киното „Култура“.
Зборникот го претстави Петар Тодоров од ЦИНИК, кој информира дека има шест статии од осум автори за тетар, историја, новинарство, медиуми, архитектура, родова еднаквост… Зборникот е двојазичен, со текстови на македонски и на албански јазик. Автори на текстовите се Ивана Драгшиќ, Кристина Леловац, Славчо Димитров, Дарко Стојанов, Влора Речица и Миша Поповиќ, Жанета Трајкоска и Бојан Георгиески.
По промоцијата на зборникот се одржа дебата насловена „Наративи, минато и иднина: Национализирани историографии во контекст на договорите за регионална соработка меѓу Северна Македонија, Бугарија и Грција“ на која се обратија историчарите Чавдар Маринов од Софија, Тасос Костопулос од Атина и пратеничката и историчар Ирена Стефоска.
Стефоска пред почетокот на дебатата изјави дека еден од начините за доближување на разликите се учебниците по историја.
– Овие комисии не се занимаваат со академската историографија, туку со учебниците. Која е целта на билатералните комисии како светска практика – постепено, со заедничка академска работа на историчари, специјалисти, антроплози, да почне да се работи на наследените стереотипи и предрасуди во учебниците од двете страни, рече Стефоска.
Посочи дека во односот кон историјата многу емоции се во прашање, пристрасности и додаде оти треба да се работи на тоа. Според неа, нам ни е потребен рационален пристап кон минатото.
Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на дебатата, новинарот и историчар Костопулос изјави дека дијалогот е секогаш возможен, а нормално е да се има спротивставени мислења бидејќи, како што рече, историјата не е апстрактна наука.
Дебатата и промоцијата се поддржани од фондацијата Хајнрих Бел.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут

