Македонските вина можат да се промовираат во Хрватска, надминат проблемот за пласман на пазарот
Македонските вина ќе можат да се промовираат во Хрватска со нивните географски називи. Проблемот со пласманот што неодамна се појави поради спорните одредби од новиот Закон за вино на Република Хрватска, кои имаа рестриктивен карактер кон вината со потекло од Република Северна Македонија, преку комуникација со хрватските власти успешно е надминат.
Овие одредби, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, не беа во согласност со Регулативата 1308/2013 што е облигаторна за Хрватска, како земја членка на ЕУ, ниту со Дополнителниот Протокол за вино меѓу нашата земја и ЕУ, како основен документ што целосно ги регулира односите меѓу Северна Македонија и ЕУ од аспект на виното. Во решавањето и надминувањето на проблемот, како што се наведува, учествуваа и претставници на Европската Комисија.
– Најзасегнати од овој проблем беа винарските визби кои извезуваат вино во Република Хрватска. Им беше забрането во било која форма да го рекламираат и промовираат виното од нашата држава се географските називи. Ваквите рестрикции ќе предизвикаа намалување на продажбата во маркетите, кои постоеше реална опасност да престанат да го набавуваат македонското вино, се вели во соопштението од МЗШВ.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски изминатиот период, како што се наведува, имаше интензивни работни средби со амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ, а беше испратено и писмо до хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ.
– Сега вината со потекло од Република Северна Македонија ќе можат да се рекламираат и промовираат во Република Хрватска. Ова е од големо значeње за винарските визби бидејќи Хрватска е втора извозна дестинација за вино во шише од Македонија. Со брзо надминување на проблемот винарските визби повторно го нормализираа своето работење, односно продажбата на вина на пазарот во Хрватска, пред почетокот на летната туристичка сезона кога има и најголема побарувачка за вино, стои во соопштението од МЗШВ.
Ново на Сител
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
-

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
-

На ГП Долно Блаце уапсен Турчин баран со потерница од Интерпол

