Загина возач на мопед, се судрил со автомобил на автопатот Штип-Свети Николе

Триесет и едногодишен маж од Велес кој управувал со мопед загина при судар со автомобил на автопатот Штип-Свети Николе кај штипското село Кривидол, информира портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.
Според неа, автомобилот кој се судрил со мопедот бил со скопски регистарски таблички, а во несреќата учествувале уште две други возила. Полесно се повредени и возачот на автомобилот мерцедес и двајца негови сопатници кои се малолетни лица. Од страна на Итната медицинска помош се пренесени на лекување во Клиничката болница во Штип.
Според очевидци, несреќата се случила поради возењето на мопедот кој бил без регистарски таблички во спротивна насока на автопатот.
На местото на несреќата увид имаат извршено крим техника на СВР Штип и основен јавен обвинител.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
