Избегнат судир помеѓу американски и руски воен брод во Тихи Океан

Во Тихи Океан избегнат е судир помеѓу два воени брода на САД и на Русија, што предизвика меѓусебни обвинувања помеѓу воените команди на двете земји за предизвикување на инцидент.
Прва се огласи Руската пацифичка флота, која соопшти дека Москва испратила протесна нота до командата на армијата на САД откако американски крстосувачки брод го попречил преминувањето на разорувачот „Адмирал Виноградов“, доближувајќи се до 50 метри. Тоа го принуди рускиот брод да изведе опасен маневар.
Инцидентот се случи утрово во југоисточниот дел на Источно Кинеско Море, каде ударна група на Руската пацифичка флота и американски крстосувачки бродови пловеле во паралелни насоки.
Додека американската морнарица соопшти дека руски брод за малку ќе се судрел со американски крстосувачки брод во Филипинско Море, при тоа осудувајќи го инцидентот како „небезбеден и непрофесионален“.
– Додека изведуваше операции во Филипинско Море, руски разорувач небезбедно маневрираше против американскиот „Чанселорсвил – изјави портпаролот на американската Седма флота, командант Клејтон Дос.
Тој додаде дека рускиот се доближил до американскито брод од 15 до 30 метри.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
