Сугарески: Целосно сме поветени на изградбата на патна инфраструктура

Владата е целосно посветена на изградбата на патната инфраструктура во државава. Во моментов се работи на преку 550 километри патна мрежа во целата држава, а деновиве во употреба ќе биде пуштен автопатот Миладиновци – Штип, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид на градежните работи на патот од Прилеп до Вештачкото езеро.
– Во моментов се работи на трите гранични премини кон Бугарија. Патот од Делчево до бугарската граница практично е комплетно саниран и направен, се работи на патот Берово – Клепало, како и на патот Струмица – Ново Село до граничниот премин. Се работи уште на 30 патишта кои се реконструираат низ целата држава, дел се воведени во работа, дел од почетокот на јуни, а друг дел, согласно со динамиката, ќе продолжат од август со реконструкциите. Паралелно се работи на четирите експресни патишта. Во делот на Пелагонискиот регион, покрај овој пат што се реконструира, се работи и на патот од Градско до Дреново, на патот Битола – Демир Хисар, направена е обиколницата околу Битола, направен е патот од Битола до Новаци. Се предвидува да се направи патот од Кривогаштани до Крушево и се работи на проектирање на автопатот од Прилеп до Битола. Ќе се реконструира постојниот пат од Битола до Меџитлија, а паралелно се работи на проект за експресен пат за оваа делница. Автопатот Миладиновци – Штип деновиве ќе биде пуштен во употреба, изјави Сугарески.
Што се однесува до патот Прилеп – Градско, Сугарески објаснува дека таму во прашање се две делници на кои се интензивираат работите.
– Едната делница на која се работи е од Градско до Дреново. Се отстрануваа повеќе цевки од ХЕЦ „Тиквеш“ и динамиката е посериозна. На делницата кај Фаришката Клисура се врши подготовка за поставување на мостовите. Оваа делница треба да заврши наредната година. Делницата кај Лешники мост пред Прилеп ќе се тендерира годинава, објасни министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот престој во Прилеп.
Ново на Сител
-

АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс
-

Руте: САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија
-

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
-

Пожар во куќа на подрачјето на Шуто Оризари, при излегување на куќата сопственикот се здобил со повреди
-

Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција
-

Опожарено возило на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени
-

Германија лани потрошила 198 милијарди евра за образование
-

Природниот гас меѓу потреба и ризик: Како новата инфраструктура ја менува енергетската слика на Македонија?
