Османи: Очекуваме поддршка од Унгарија за старт на преговорите

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Бујар Османи денеска во Будимпешта се сретна со унгарскиот државен министер за европски работи, Саболч Такач, кој е претставник на Унгарија во Европската унија.
-Како земја имаме недвосмислена потврда за остварениот напредок и според политичките и според реформските критериуми, што со сигурност ќе се рефлектира и во содржината на претстојниот Извештај на Европската комисија, истакна Османи.
Тој изрази уверување дека Комисијата во својот извештај ќе посочи дека Република Северна Македонија и суштински е подготвена за почеток на преговорите со ЕУ.
-Континуираната поддршка од страна на Република Унгарија за европските интеграции на Република Северна Македонија, претставува важен елемент вграден во денешниот успех на нашата земја и како долгогодишни пријатели, ја очекуваме оваа поддршка и во пресрет на престојаните самити на ЕУ, истакна Османи.
Тој нагласи дека очекувањата и во Северна Македонија, но и во целиот регион на Западниот Балкан се дека на претстојните самити Европскиот совет ќе ја потврди одлуката од минатата година, за старт на преговорите со ЕУ.
Османи ја продолжува работната посета со средба со министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, каде покрај европските интеграции на земјава, ќе бидат отворени темите и за билатералните односи, билатералната поддршка, како и севкупната соработка меѓу двете земји.
По Унгарија, Османи продолжува на работна посета на Хрватска, на средба со министерката за надворешни и европски прашања, Марија Пејчиновиќ Буриќ, а ќе оствари средба и со претседателот на Комисијата за европски прашања во хрватското собрание, Домагој Иван Милошевиќ.
Ново на Сител
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
