Денеска е Собор на 12 Апостоли - Павловден
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јуни.
Денеска е Собор на 12 Апостоли (Павловден).
Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички празник, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн. Апостолите се слават како темели на црквата, што навистина се, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примија благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот. Уште повеќе затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на вселената.
Собор на 12 апостоли (Павловден)
Именден празнуваат: Павле, Пајо, Павлина...
Следниот ден по Петровден 13 јули/ 30 јуни е празникот Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден. На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.
Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.
Во некои краишта, на пр. во Гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен. Се празнувало поради град. (Подготви Марко Китевски)
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје