-->
-->
Штипските пчелари очекуваат да добијат поголеми количини на мед
-->
Пчералите од штиспкиот регион очекуваат добра година и поголема количина мед од своите пчелни семејства. Перо Ѓоргиев, пчелар, вели дека времето е погодно за пчелните семејства, а генерално климатските промени во изминатите години имале влијание врз пчеларството во овој регион, со што намалено им е и производството на мед.-Во текот на денот има повремени дождови и Сонце. Тоа е добредојдено за пчелите, но доколку има дождови интензивно и го измие цветот и ги исчисти таму е критично за пчеларите. Сметам дека оваа година ќе биде добра, вели Ѓоргиев.
Иако, пчеларите годинава очекуваат поголеми количини мед, цената, вели тој, останува иста.
–Многу пчелари го продаваат медот за 350 денари и сметам дека тоа е е добро. Јас го продавам по 400 денара. Чист мед под 400 денари не смее да се продава, вели Ѓоргиев.
Во Источниот регион има околу 400 регистрирани пчелари и околу 15.000 пчелни семсјства. Со просечни приноси од околу 40 килограми по пчелно семејство, годишно во регионот се прозиведуваат околу 600 тони мед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби, многу луѓе се загрижени во овој момент
-

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци
-

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни
-

Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
-

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник
-

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо
-

Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
-

Фонд на ПИОМ: Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година
