-->
-->
Горива, новата методологија објавена во службен весник
-->
Новата методологија за пресметка на горивата стапува во сила. Денеска е објавена во Службен весник и потпишана од страна на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Од понеделник државните регулатори повторно ќе го имаат последниот збор за тоа по која цена ќе се продаваат горивата на бензинските пумпи. Освен заработувачката за трговците, главниот критериум од кој ќе зависи малопродажната цена се курсот на доларот во однос на денарот и движењето на суровата нафта на светските берзи.Новата малопродажна маржа е 4.6 денари, трошокот за транспорт во државата ќе изнесува 0.75 денари. Сите анализи кои ги правевме во изминатиов период укажуваат дека со новата методологија цените на нафтените деривати, споредено со претходната методологија, се намалуваат во зависност од периодот од 1 до 2 денари. Имало и периоди кога имало драстични промени на светските берзи“, рече Марко Бислимовски, претседател на, Регулаторна комисија за енергетика, oбјави Аласт.
Со заработката од 4,6 денари за продаден литар која ќе ја добиваат, трговците на нафта не се задоволни, вели Бислимовски, затоа што тие барале да заработуваат од шест до шест и пол денари.
Им даваме реален разумен профит. Ние по сите регулирани дејности за коишто определуваме цени профитната маргина изнесува, во зависност од годината и дејноста од пет до седум отсто. Ние и сега се држиме во рамките на овие проценти“, додава Бислимовски.
Со ова практично завршува двонеделниот либерализиран пазар на нафта и нафтени деривати во земјава во кој компаниите од овој сектор самите ги определуваа малопродажните цени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
