МЗШВ: До 180 илјади денари неповратни средства за жени претприемачи од рурални средини
На вчерашната седница на Владата беше усвоена измената на начинот за остварување на правото за користење на мерката 115 „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, што е дел од Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година.
Како што појаснуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа мерка овозможува поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинства. Конкретно, преку неа МЗШВ ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска поддршка за инвестиции што ќе придонесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во ЕРЗС.
Измените, додаваат во соопштението, се направени по извршените консултации со Министерството за труд и социјална политика и Националната федерација на фармери. Оваа мерка ќе придонесе кон родова еднаквост и кон промовирање на принципот на недискриминација.
Мерката ќе се реализира со измена на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во Штип
-

Скопјанец физички нападнал полицаец кој вршел службени задачи
-

Кампања на РСБСП: АкоПиешНеВози,АкоВозишНемојДаПиеш -„СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН”
-

Зеленски: Вашингтон останува посветен на постигнување мировен договор
-

Мали ритуали - големи надежи со игрите на среќа на Државна лотарија
-

Почината жена пронајдена во езерцето во Градскиот парк во Струмица
-

Земјоделците привремено ги отворија сите автопатишта во Грција
-

Валц во СБ на ОН: Мадуро и неговиот наркокартел ќе бидат лишени од ресурси

