СКАНДАЛ НА КОСОВО: Бровина признала дека фотографиите за силување на Албанка од српски војници се лажни

Фљора Бровина, пратеничка во косовското Собрание од владеачката ДПК, денеска признала дека фотографиите кои ги прикажа во законодавниот дом, а за кои тврдеше дека се доказ како српски војници силуваат Албанка, се лажни.
Во медиумите имаше информации дека Бровина покажала и фотографии кои покажуваат како српски војници силуваат седумгодишно девојче. Денеска се покажа дека сето тоа било лага.
Бровина денеска била сослушана во косовската полиција во врска со нејзините тврдења. Таа рекла дека фотографиите се од 2003 година, дека ги добила од човек на кого не се сеѓава и дека не мислела дека можат да бидат лажни.
Дел од приштинските медиуми веднаш излегоа со информации дека фотографиите кои Бровина ги прикажала се симнати од некој ирачки порно сајт.
Но, ова е еден доказ како се создаваат лажни случаи и изговори за сатанизирање на една држава. Замислете само по нејзиниот настап во косовскиот парламент, со изјави да ја поддржеа неколкумна западни амбасадори и случајот, односно тврдењата на Бровина да се најдеа на насловните страници или во ударните вести на повеќе западни медиуми. Од тој чекор, до бомбардирање на таа држава останува само малку.
Ново на Сител
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
-

Шојгу предупредува: Поради украинските дронови, ниеден дел од Русија веќе не е безбеден
-

Утре не очекува променливо облачно и посвежо време
-

Вчера четири лица лишени од слобода за семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице од велешко за сторени повеќе кривични дела во врска со кражба на дрва
