Свет
17. May 2019 - 9:03

Се урна воен авион Ф-16, повеќемина повредени

Воен авион Ф-16 синоќа се урна во магацин во Калифорнија, а повеќе луѓе завршија во болницата, бидејќи беа погодени од делови на леталото.

Пилотот скокнал навреме и се спуштил со падобран и тој е пренесен во болница, јавуваат американски медиуми.

Се испитува причината за падот на воениот авион. На магацинот остана огромна дупка. Сведоците изјавија дека слушнале силна експлозија.