Албанските медиуми отстапија посебн простор за инаугурацијата на Пендаровски
Албанските медиум отстапија посебен простор за инаугурацијата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Пренесувајќи опширни информации од давањето заклетва, обраќањето и примопредавањето на функцијата во Вила Водно, особено се акцентира неговото ветување дека во петгодишнот мандат зачувувањето и развојот на меѓуетничките односи во земјата остануваат меѓу неговите приоритети и оти стратегиската определба на Северна Македонија и нејзините граѓани останува членство во НАТО и во ЕУ.
-Меѓуетничките односи и рамнотежата помеѓу сите етнички заедници отсекогаш биле плод на нашата внатрешна стабилност и безбедност. Најголем проблем е и останува однесувањето на најголемите политички партии кои честопати својата позиција за меѓуетничките односи ја изразуваа во зависност од тоа дали се на власт или опозиција и затоа за каква било делување или однесување ќе барам политичка одговорност, е најчесто пренесуваниот дел од обраќањето на Пендаровски.
Секако, без исклучок, медиумите пренесуваат дека денеска во Скопје е и албаскиот претседател Илир Мета, како и за средбата со својот колега Пендаровски, на која го нагласиле знаењето од отпочнувањето на преговорите со ЕУ за нивните две земји, како “силна порака за европската перспектива на целиот регион“.
При тоа се наведува дека Мета изразил уверување дека Албанија и натаму ќе биде најдобриот пријател на Северна Македонија, која секогаш го поддржува нејзиниот напредок од независноста.
-Сега влеговме во нова фаза на билатералната соработка, со цел нејзино зајакнување и продлабочување во сите области. Нас не обединува заедничката цел на европската интеграција на нашите земји, на начин на кој можеме да се потпреме еден на друг, рекол Мета на средбата со Пендаровски.
Мета високо го оценил ставот на Пендаровски за изградбата на едно мултиетничко општество во Северна Макдонија, како и клучната улога на политичките партии на Албанците во интегративните процеси на Северна Македонја.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред

