-->
-->
Милошоски: Државата доби претседател избран со кредит и политичка хипотека
-->

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ му посака успешен мандат на новиот претседател Стево Пендаровски, но пратеникот Антонио Милошоски изјави дека државата доби претседател избран со кредит и политичка хипотека.
– Доби политички кредит од политичари и партии кои ќе очекуваат тој кредит да им се врати. Враќањето на тој кредит нема да биде од страна на Пендаровски, туку од политичарот со кого тој се согласува 102,5 отсто, според неговите зборови, рече Милошоски.
Според пратеникот на опозициската партија, во иднина ќе гледаме кои фактури ќе стигнат на сметка на Владата и на државата.
– Таквото враќање на политичкиот кредит најмногу ќе ги разочара тие кои со доверба и големи очекувања гласале за Пендаровски, додаде тој.
Од денес, истакна тој, СДСМ и ДУИ ја имаат апсолутната власт во државата. – Имаат Собрание и мнозинство и министри, мнозинство на градоначалници и претседател на држава. Апсолутната власт носи апсолутна одговорност, но понекогаш апсолутната власт е многу корумпира, рече пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ.
Милошоски вели дека е многу чудно и невообичаен сигнал што на инаугурацијата на Пендаровски не присуствува премиерот Зоран Заев.
– Ќе видиме следниве ден – два што ќе се случува и дали следните денови ќе дадат објаснување за неговото отсуство, рече Милошоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мирослав Попоски патува на 30-то големо натпреварување да ја бодри Македонија | ВИДЕО
-

Велешката полиција фати крадец на пари и златни предмети кои ги заложил
-

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
-

Ножот се скршил, зел ножици па откако и тие се свиткале зел друг нож, детали за убиството во Богданци
