Зендели: Очекуваме од Пендаровски да го исполни она што го вети за време на изборите

Пратеничката група на БЕСА му го честита изборот на новиот претседател Стево Пендаровски, а според пратеникот Фадил Зендели нивни очекувања се тој да го исполни она што го вети за време на изборната кампања и во денешниот говор од собраниската говорница.
- Се заокружи еден просец после демократските избори. Очекуваме од новиот претседател тоа што го вети за време на изборите, но и она што го кажа да го изврши, да биде конзистентен во сите негови настојувања што ги искажа во својата платформа, рече Зендели.
Од името на БЕСА искажа подготвеност за соработка со претседателот, но и со Владата и кажа дека партијата ќедаде свој придонес за сите реформски зафати во контекс на евроинтегративните процеси.
Но, како што додаде тој, како опозициска партија ќе го следат секој негов настап за да видат дали ќе го исполни она што го вети.
Ново на Сител
-

„Евровизија 2026“: Израел ќе се натпреварува и покрај бојкотот на противниците
-

Во несреќен случај загина 28-годишниот снимател Кристијан Љушев
-

Американски конгресмен поднесе предлог-закон Гренланд да стане 51-ва сојузна држава на САД
-

Во Берово - 12 степени, на Попова Шапка 26 сантиметри снег
-

Американски сенатор поднесе тужба против Пентагон и министерот за одбрана Хегсет
-

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица
-

Зеленски: Разузнавањето потврдува дека Русија подготвува нов масовен напад
-

ОЈО Кавадарци води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца
