Чавков не се сеќава за деталите од апсењето на Љубе Бошкоски

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков не се сеќава на деталите за апсењето на Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, но е сигурен дека се било документирано, како и за сите останати случаи. Тој сведочеше на денешното судско рочиште за случајот „Тортура“ на СЈО, за апсењето на Бошкоски ден по завршувањето на парламентарните избори, бидејќи тогаш бил началник на Одделението за организиран криминал.
Посочи дека се сеќава оти апсењето било спроведено заради индикации за коруптивно кривично дело поврзано со финансирање на политички партии, но додаде дека тој не ја дал наредбата за апсење, туку јавен обвинител. Како што рече, знае дека во истрагата претходно се користеле и посебни истражни мерки.
-Како началник за организиран криминал наметнав практика, за секое дејство што го презема одделот да се приклучи претставник од Обвинителството за организиран криминал. Не се сеќавам дали сум учествувал во апсењето на Бошкоски, ама тврдам дека во секој случај е документирано се, рече Чавков.

На прашање од обвинителот Љубомир Лапе дали лично му се јавил на командирот на Алфите да го уапси Бошкоски, Чавков рече дека не се сеќава.
Чавков, пак, е во притвор во затворот „Скопје“ до правосилност на пресудата за нападот во Собранието на 27 април 2017 година. На почетокот на сведочењето рече дека утрово не му било јасно зошто е спроведено од затворот во Шутка во Кривичниот суд се додека не бил повикан на сведочење за случајот „Тортура“.
На денешното рочиште ќе бидат сослушани уште двајца сведоци.
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
