Хрватската новинарка Алвир: Посетата на папата Франциск е во значаен момент за земјата
Професионалниот ангажман за известување од посетата на папата Франциск на нашата земја ја донесе Катарина Алвир, новинарка на Нова ТВ од Хрватска во Скопје.
-Во принцип требаше да дојдеме на претседателските избори, за вториот круг, но поради приватни обврски не стигнавме, така што дојдовме в недела и само за посетата на папата, појаснува колешката од Нова ТВ, која е дел од редакцијата за надворешна политика.
Досега вели покривала една апостолска посета на папа на Хрватска, но посочува дека папата Франциск се уште ја нема посетено Хрватска.
-Мислам дека сите Македонци се навистина задоволни што доаѓа папата. Ова е прв пат поглавар на Католичката црква да дојде во Северна Македонија и мислам дека е тоа значајно со оглед дека се поминати три месеци откако Македонија доби ново име. Особено е значајно бидејќи овде има многу мала католичка заедница, помала од околу еден процент од граѓаните и дека е тоа битно за соживотот во цела Македонија, оценува Алвир за атмосферата која владее во Скопје.
Инаку, поради безбедносните мерки, таа со нејзиниот снимател ја следеа само литургијата на папата на плоштадот Македонија, а за известување на сите точки од посетата на поглаварот на Римокатоличката црква помош ќе има и од колегите во Загреб.
Ново на Сител
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
