ССМ бара зголемување на минималната плата

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара зголемување на минималната плата на 13.800,00 денари, со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства.
-ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за март 2019 година изнесува 32.852,00 денари, а само трошоците за храна и пијалоци изнесуваат 13.798,98 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата која согласно Европските препораки и тенденции треба да изнесува 60 отсто од просечната плата во државата, се вели во денешното соопштение од Синдикатот.
Од ССМ посочуваат дека во континуитет се залагаат и бараат зголемување на минималната плата се со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства, како и дека со Првомајскиот проглас кој го доставиле до Владата и Министерството за труд и социјална политика бара зголемување на Минималната плата на 13.800,00 денари.
Сојузот на синдикати на Македонија ги потсетуваат работодавачите дека со измените на Кривичниот законик, додадени се нови ставови 2 и 3 кои предвидуваат дека тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одерден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се казни со казна затвор од три месеци до една година, како и дека со таква казна ќе се казни работодавачот кој на работникот ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил работодавачот или дал исказ во својство на сведок за тоа дека му побарал на работникот да врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот или не го вратил износот.
Од Синдикатот ги охрабруваат работниците да ги пријавуваат работодавачите кои го прекршуваат Законот до Синдикатот или Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи, а уште повеќе што, како што потенцираат, и од Владата велат дека немаат толеранција за работодавачите кои не го почитуваат договорот за минимална плата.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
