Монографија „Симболите на Македонија“ од Јован Јоновски

Во издание на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје деновиве излезе од печат монографијата „Симболите на Македонија“ од Јован Јоновски, капитално дело со кое Македонија се приклучува кон европските народи кои одамна имаат објавено публикации за своите симболи, особено за грбот и знамето.
Во книгата на над 400 страници се публикуваат најзначајните и најкаректиристични симболи на македонскиот народ низ вековите.
Светски познатиот научник и специјалист за хералдика проф.Мишел Попоф, во предговорот кон делото вели дека симболите на колективното живеење имаат посебно место, особено кога станува збор за идентификацијата и за идентитетот на една нација.
Централно место заземаат државните симболи како средство за идентификација со историјата, културата, вредностите и со надежите на една земја.
- Со монографскиот зафат „Симболите на Македонија“ Јоновски прави сериозен исчекор во истражувањето на историскиот развој на грбовите на Македонија и на најдостоен начин го продолжува пионерскиот зафат на акад. Александар Матковски, остварен во втората половина на минатиот век. Делото е напишано со научно – популарен стил и е поткрепено со илустративен материјал што го прави пристапно и исклучително интересно четиво, се наведува кон изданието.
Монографијата е во продажба во книжарниците на „Матица македонска“ од Скопје.
Ново на Сител
-

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди
-

Санчез: Со Шпанија не се управува од Вашингтон, Тел Авив или Москва
-

Апел за помош: Да му помогнеме на Стефан, татко на едногодишно дете и полицаец кој се бори со тешка повреда
-

Тројца администратори од НБ го преземаат управувањето со „Алта банка“, за 21 ден треба да ја утврдат состојбата
-

Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство во кикбокс: Над 1.000 натпреварувачи од 41 држава, Македонија ќе атакува на четири медали
-

Инстант лоз „Титаниум“ на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Хороскоп“ на Државна лотарија
-

Менувал оценки, бришел испити и запишувал семестри за пари – полициска акција во Штип и Скопје
