Годинава на манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце“ собрани 2.000 книги

На 13-та манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“ што традиционално на Велик четврток, во пресрет на големиот христијански празник Валигден, се одржа во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден, обезбедени се 2.000 книги.
-Со тоа, во изминатите 13 години откако се одржува оваа оригинална и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата собрани се 35.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден, библиотеката во Домот на култура „Марино“ и училишните библиотеки во Општина Илинден. Во чест на Двеилјадиидеветнаесеттото лето Господово, беа украсени 2019 црвени Велигденски јајца, па секој посетител на манифестацијата што даруваше книга за возврат доби црвено Велигденско јајце, информираат од општина Илинден.
Од општината им изразуваат благодарност на сите досегашни учесници во манифестацијата кои со дарувањето на книги, како што велат, придонеле за збогатување на библиотечниот фонд, на преставниците од бизнис заедницата, на издавачките куќи, на научните институции и факултети, на писателите, на учениците и на големиот број граѓани.
-Годинава, посебна благодарност до поранешниот претседател на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, кој во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“ учествуваше со дарување на 470 книги од неговата лична библиотек, велат од Општина Илинден.
Оние кои не можеле да даруваат книга во рамки на манифестацијата, велат од Општина Илинден, тоа можат да го сторат во текот на целата година и со дарувањето книги да дадат свој придонес во афирмацијата на пишаниот збор и развојот на културата, образованието и науката.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
