Кај кочанското село Рајчани одбележана 114-годишнината од загинувањето на Никола Карев

Во месноста Свиланово, во близината на селото Рајчани, Општина Кочани ја одбележа 114-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и учител, претседателот на Крушевската република, Никола Карев.
Граѓани од Кочани и Чешиново-Облешево, ученици од ОУ „Никола Карев“, членови на Извидничкиот одбор „Ластовица“ му дадоа почит на Карев, кој загинал на 27 април 1905 година на Свиланово.
Во одбележувањето на годишнината од неговата смрт учествуваа членовите на секцијата „Географски видик“ од ОУ „Никола Карев“, кои пеш ја минаа релацијата од Свиланово до селото Пантелеј. Според сеќавањата на кочанецот Благој Стојанов, ученичкото пешачење до споменикот на Никола Карев е традиција што во Кочани се одржува педесетина години.
Свежо цвеќе на споменикот на Карев положија делегации од општините и советите на Кочани и Чешиново-Облешево и од Сојузот на здружението на борците од НОБ, а за животот и делото на Карев низ стихови говореа учениците од кочанското основно училиште што го носи неговото име.
На местото на загинувањето на Никола Карев од минатата година е изграден спомен-парк на површина од околу 500 квадратни метри, а простор нуди можности за посета на излетници, туристи, викенд-посетители и вљубеници во природата.
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
