ЈСП со изменет возен ред за Велигденските празници и 1 Мај
По повод претстојните велигденски празници, во петок (26.04.2019 година) возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160, 180 кои ќе возат по делничен возен ред.
Во сабота (27.04.2019 година), недела (28.04.2019 година) и понеделник (29.04.2019 година) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Автобусите по неделен возен ред ќе сообраќаат и во среда на 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот.
Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено сите празнични денови од 10 до 18 часот, а автобусите што сообраќаат до Средно Водно 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) во понеделник (29.04.2019 година) ќе возат по неделен возен ред.
Жичарницата во вторник (30.04.2019 година) нема да работи, информираат од ЈСП-Скопје.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа
-
Пензиите зголемени за 2500 денари
-
Прв академски час