Излезеноста во Струга 24,7 проценти, гласањето без проблеми
Првиот круг од претседателските избори во општините Струга, Вевчани и Ресен, досега тече мирно во фер и демократска атмосфера, оценија претседателите на општинските изборни комисии.
Излезеноста до 17 часот во општина Струга, според претседателот на ОИК Бледар Зиба, е 24,7 проценти.
– Вкуно 14.933 лица го остварија правото на глас во 101 избирачко место во општина Струга. Изборниот процес тече мирно, без никакви нарушувања, изјави Зиба за МИА.
Во 50-те избирачки места во Преспанскиот регион до 17 часот, како што истакна претседателот на ОИК Кирил Тански, гласале 5.447 лица или 32,7 проценти од 16.649 регистрирани гласачи во Избирачкиот список.
Излезеноста во општина Вевчани е 51 отсто од регистрираните 2.048 гласачи, односно 1.045 лица го оствариле правото на глас до 17 часот, истакна претседателката на ОИК Параскева Кукоска.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци