-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ поднесе уште два приговори до ДКСК
-->
ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе уште два приговори до Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси.Првиот се однесува на одлуката за измена на детален урбанистички план во општината Ѓорче Петров, каде локалната власт на СДСМ уништува парк за да се гради станбен објект.
Одговорни се градоначалникот и Советот кој што прифатиле точка и ја изгласале одлуката во Изборен период. Иако иницијативата е поднесена од приватно лице пред изборите; во овој период не смее да се менува ДУП, бидејќи се отвора можност за влијание врз гласачи.
Вториот счучај се однесува на лице вработено во администрација, кое работното време наместо на работното место, го поминува во штабот на Стево Пендаровски. За време на посетата на идната претседателка на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова на штабот на Пендаровски во Скопје, меѓу присутните е и градежен инженер од Демир Хисар, вработен во Министерството за финансии.
Зоран Заев и Стево Пендаровски се во паника бидејќи се соочени со изборен пораз и затоа скандалозно и недопустливо секојдневно ги злоупотребуваат институциите и буџетот во изборни цели.
Затоа по социјалните мрежи кружат фотографии и видеа како се делат дрва и како се асфалтираат улици, иако ваквите активности се забранети во предизборниот период.
Власта и на централно и на локално ниво, две години камче не фрли, ниту шајка закова, па сега се надева дека граѓаните имаат заборавено и дека нивната чест и достоинство ќе може да се купат со пари кои и онака се буџетски.
Заев и Пендаровски ги потценуваат граѓаните кои веќе избраа и се одлучија за правда за Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ очекува ДКСК да ги прифати поднесоците од ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваме и ЈО да постапи по нивните наоди. Државните институции мора да се ослободат од притисоците и да преземат мерки да не се узурпира волјата на гласачите.
Криминалниот клан во власта е изворот на корупцијата и мора да му се стави крај. Стево Пендаровски е вториот лик на Зоран Заев. Стево Пендаровски му е потребен на Зоран Заев за непречено да продолжи криминалот и корупцијата, единствената владина насока.
Македонија мора да стане држава во која важат законите, важи правото, се цени правдата, Македонија мора биде држава на правото и правдата, а тоа е возможно само со убедлива победа на Гордана Сиљановска Давкова на 21 април и потоа на 5 мај.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
-

„Окта“ повторно воведува попуст - два денари за бензините до средината на јуни
-

Министерот Ристовски упати честитки за млади борачи – медлисти на ЕП У15, борењето има иднина!
