Бебето Ивана е најмалиот херој во светот: Сите прогнозирале дека не може да преживее, но погледнете во каква битка победи
Бебенце родено во 24. недела, тешко само 370 грама, ги надмина очекувањата на докторите во болница во Канада и преживеа.
Сега, малата Ивана има една година и е здраво и среќно бебе кое одлично се развива.
Нејзината мајка Марија создаде 12-минутно видео кое го раскажува нејзиниот досегашен живот.
„Ми велеа дека треба да ја прекинам бременоста и дека шансите Ивана да преживее се една на милион. Приказната за Ивана е приказна за вербата во прекрасно чудо. Докторите ја нарекоа бебе ‘спротивно од сите прогнози’“ – напиша Марија во описот.
„Моето бебе се роди со само 370 грама. За да ви доловам подобро, тоа е отприлика тежина и големина на лименка со сок, а препорачаната граница за реанимирање на предвреме родени бебиња е 450 грама. Денес моето девојче нема здравствени проблеми и не заостанува во развојот. Премногу му сум благодарна на медицинскиот персонал кој ме поддржуваше на ова патување. Јас сум екстремно среќна мајка и не можам да замислам како ќе беше ако на моето бебе не му дадеа шанса да живее“ – пишува Марија.
Докторите ѝ дале шанса за преживување на Ивана само затоа што кога се родила, таа дишела и плачела.
„Вообичаено не им даваат шанса на толку мали бебиња, но истовремено Ивана плачеше, дишеше и мрдаше. Докторката му рече на тимот да ѝ стават маска со кислород. Докторката ми кажа дека сите мислат дека таа е луда што ѝ дава шанса на Ивана, а никој немаше претстава колку Ивана ќе ги изненади сите“ – пишува Марија на својот блог.
Мајката на бебенцето за првпат добила шанса да го земе во раце две недели по раѓањето.
„Секој ден ја држев 4-10 часа дневно. Тоа се нарекува кенгур нега (kangaroo care). Докажано е дека овој тип нега му помага на развојот на мозокот на бебето. Многу е важно и таткото да го држи бебето“ – вели таа во видеото.
Бебенцето започнало да диши самостојно во 34-тата гестациска недела, а првпат излегло надвор од болничките ѕидови 40 недели по раѓањето.
Преку цевка за хранење, Ивана уште од самото раѓање се хранела со мајчино млеко, но по неколку месеци научила самостојно да цица и пие млеко од шише. Четири месеци по раѓањето, таа добила дозвола да си оди дома. Тогаш тежела 2,4 килограми.
Ново на Сител
-
Собраниска делегација на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
-
На вчерашните протести во Солун и Атина приведени вкупно 35 лица
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателот на Собранието на Црна Гора
-
Македонска вечер во Хамбург од хуманитарен карактер за изградба на нова црква
-
Во Филаделфија возач на автомобил влета во толпа навивачи и повреди тројца пешаци
-
Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ
-
Грешка на кујнскиот персонал го предизвкал пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот ски-центар во Бол
-
Фон Дер Лајен: Никогаш нема да го заборавиме Аушвиц