Мицкоски во посета на скопско Шишево: Изборите се шанса да се поразат оние личности кои се преставници на Заевизмот
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Шишево во општина Сарај каде се сретна со жителите на ова населено место.
-Бев во Шишево, Општина Сарај. Неправда е кога премиерот ни вели дека блескаме, а тука народот живее без достојни патишта, без решени инфраструктурни проблеми, без перспектива.
Имаме избори кои се повеќе од претседателски, бидејќи на овие избори се решава за тоа каде се движиме како држава, и уште поважно како и со кои луѓе. Изборите се шанса да се поразат оние личности кои се преставници на Заевизмот, негова копија, жестоки бранители на непринцитите и неправдата. Да ја поразиме онааа политика со која сакаат да го потценат и поткупат народот. Денес министерот за земјоделие се фали како исплатил субвенции нешто што законски им припаѓа. Но народот не потпаѓа на ваквата приземна политика. Им доцнеа субвенџиите, им ги сопреа за да сега пред изборите се фалат со нешто што е на земјоделците, ним им припаа. А нема ништо од она што го ветуваа пред изборите, зелена нафта, сигурен откуп, поддршка за ширење на производството. Нечесен однос кој кажува само колку многу се очајни. Затоа и ќе бидат поразени, а правда ќе има за секој еден човек, стои во статусот на Мицкоски.
Ново на Сител
-

Меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро во Калишта
-

Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер
-

ПСЖ по пенали го совлада Арсенал и ја освои Лигата на шампионите.
-

ЛШ финале: ПСЖ и Арсенал играат продолженија
-

Мицкоски - Мацут: Јакнење на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката
-

Туск по заканата на Медведев: Земјите од НАТО треба сериозно да ги сфатат руските провокации
-

Мицкоски од Нови Сад: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом
