Нов протест на „Еурокомпозит“ за крајно решавање на повеќегодишниот проблем со компанијата

Работниците прогласени технолошки вишок од прилепски „Еурокомпозит“ повторно на протест во центарот на Прилеп со барање крајно да се реши нивниот долгогодишен проблем. Потсетуваат, велат на најавите од вицепремиерот Кочо Анѓушев на средбата од 30 март во Прилеп дека ќе стигне странски инвеститор и ќе почне да се разрешуваат проблемите.
Според Пеце Велјаноски од Инцијативниот одбор на 154-ата работници прогласени за технолошки вишок најважно им е да се реализираат ветувањата, а и да се донесе закон за решавање на исплатата на заостанатите плати, придонеси и отпремини.
-Упатуваме уште еден апел до Владата да се одважи да донесе закон за претворање на побарувањата по основ на јавни давачки во траен влог во „Еурокомпозит“, да ги исплати придонесите и заостанатите плати и отпремнините. А кога ќе се продаде фирмата, нека си ги наплати овие средства што е единствен услов за фирмата да продолжи со работа. Не случајно го споменуваме Законот што се донесе за исплата на лозарите за продаденото грозје во приватна компанија. Го потсетуваме премиерот дека јавно при крајот на јануари кажа дека, ако до крајот на февруари не се најде купувач, Владата ќе донесе закон што со три милиони евра ќе се обесштетат вработените. Го повикуваме и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, заедно со пратениците од позицијата и од опозицијата да придонесат овој повеќегодишен проблем конечно да се разреши, рече Велјаноски.
Цветан Бунтески од Иницијативниот одбор вели дека денеска имале средба со директорот на компанијата повторувајќи ги владините најави, но и најавува дека работниците утре ќе се упатат на протест во Скопје.
-Денеска имавме средба со генералниот директор на „Еурокомпозит“. Тој ги повтори истите ветувања што ги имавме со премиерот и вицепремиерот во Прилеп на 30 март. До петокот ни беше ветено дека ќе се исплати отпремнина преку договорот спомнат со странскиот партнер, Но немаме никаква потврда на тоа, ниту верба дека нешто се решава. Утре ќе заминеме на протест во Скопје, па можеби и ќе имаме некоја среќа, вели Бунтески.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
