ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски се проблем за Македонија
Зоран Заев и Стево Пендаровски се вистинскиот проблем за Македонија. Со нив државата две години реди само неуспеси.
Заев и Пендаровски се срамат да кажат дека Македонците кои живеат во Грција зборуваат македонски јазик.
Заев и Пендаровски се срамат од македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Страв им е да се чуе дека Македонците се борат за своите правдини. Тие се синоним за политичари без кичма. Тие се класична копија на слугите од македонските народни приказни кои понизно и со наведната глава прифаќаат се.
Се што ветија Зоран Заев и Стево Пендаровски излажаа. Ги излажаа родителите на убиените кај Смилковско езеро. Додека тие плачат, убијците се шетаат на слобода. Излажаа и за Никола Младенов. Си играа со чувствата на граѓаните. Ги манипулираа граѓаните само за да дојдат на власт, не мислејќи ма последиците.
Заев и Пендаровски излажаа и дека во јуни ќе почнеме преговори. Сега кога веќе е очигледно дека нема да добиеме, сам Заев призна дека не му рекле дека ќе добиеме во јуни, туку дека можеби ќе добиеме. Ова е срамно и недозволиво. Премиерот призна лажел, а за тоа нема последици.
Лагите и криминалот мора да запрат. Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Македонија има потреба од чесен и искрен претседател, кој ќе работи за државата и граѓаните. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за Македонија. Правда за Македонија. Татковината повикува.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга