ПССЕ: Политичарите имаат морална одговорност за борба против говорот на омраза
Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) изрази загриженост во врска со почестата појава на говор на омраза што поттикнува ксенофобија, расна омраза, антисемитизам, исламофобија и нетолеранција, кои конкретно се насочени кон малцинствата, мигрантите, жените и припадниците ЛГБТИ заедницата, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Овој вознемирувачки тренд не ги одминува ни политичарите и говорот на омраза се користи „не само од страна на популистичките и екстремистичките групи, туку, исто така, и од страна на претставниците на партиите од сите политички бои, се истакнува во Резолуцијата на ПССЕ, донесена врз основа на извештајот на српската пратеничка Елвира Ковач.
– Политичарите, и жени и мажи, имаат и политичка обврска и морална одговорност да не користат говор на омраза и на жигосување и веднаш и јасно да ја осудат неговата употреба од другите, затоа што нивниот молк може да се толкува како одобрување или поддршка, се вели во усвоениот текст.
ПССЕ ги охрабрува партиите и политичките движења да донесат саморегулаторни инструменти, како што се кодекси на однесување или етички повелби, за забрана на употреба на говорот на омраза од страна на нивните членови.
– Интернет провајдерите, а особено социјалните мрежи, исто така, треба да ги применат инструментите на саморегулација за спречување и казнување на говорот на омраза и за принудно отстранување на навредливи содржини, се наведува во Резолуцијата.
Пратениците, исто така, ги повика 47-те земји членки на Советот на Европа да усвојат одредби на административниот, граѓанскиот и кривични закон за борба против говорот на омраза, како и промовирање на свеста, вклучително и на меѓународно ниво со иницијативи, како што се Повелбата на европските политички партии за нерасистичко општество и Парламентарната алијанса против омразата.
ПССЕ ги повика земјите членки да ја спроведат препораката за општа политика на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ), која содржи голем број мерки за спречување и борба против омразата и поддршка на оние кои се нејзина цел и да ја поттикне саморегулација од страна на јавни и приватни институции.
За омразата стана збор и во дебатата од аспект на спортот, кој според ПССЕ, претставува „голем потенцијал за менување на менталитетот“.
ПССЕ се заложи за серија мерки за да се стави крај на говорот на омраза и омразата во спортот, вклучувајќи ги и барањата од сите играчи и спортисти да се воздржат од такви дела.
Во оваа Резолуција, усвоена врз основа на извештајот на хрватскиот пратеник Горан Беус Рихемберг, ПССЕ ги повика државите да работат со спортските организации за подобрување на откривањето и пријавувањето на инциденти на говор на омраза и ги охрабрува училиштата да ги учат децата на вредностите на толеранцијата и човечкото достоинство на спортската сцена.
ПССЕ, исто така, побара механизми за да им овозможи на жртвите да пријават злосторства од омраза и употреба на технологија на спортските терени за да ги идентификуваат сторителите.
Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа истакнаа дека спортот може силно да ги промени ставовите и треба да биде инструмент за промовирање и пренесување на вредностите, како што се фер игра, меѓусебно почитување и толеранција.
– Во спортот не треба да има простор за предрасуди и насилство или за манипулирање со чувствата на навивачите, се вели во усвоената Резолуција.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата