Тешка сообраќајка во Чаир - Едно лице пренесено на Ургентен

Едно лице со потешки повреди со возило на Брза помош е префрлено во Ургентен центар после тешката сообраќајка што се случи вечерва околу 19.15 часот на крстосницата на улиците Втора Македонска бригада и Ќемал Сејфула, на самата граница на општините Чаир и Бутел. Среќа во несреќа е што сообраќајката се случи точно пред Поликлиника Чаир, во чиј објект е и пунктот на Брза помош, па реакцијата на луѓето во бело беше експресна.
Во силниот судир на автомобилите „голф 4“ и „ауди“ караван, целосно се оштетени предниците и моторите на двата автомобила. Од голфот е излеано дизел гориво. Коловозот е посеан со парченца стакло и пластика од фаровите и маските и спојлерите на автомобилите.
Судирот одекна како детонација, па станарите на зградите во близина веднаш излегоа на балконите, а голем дел во првите минути притрчаа до местото на судирот за да помогнат.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
