Ќерката се обидела да го добие на телефон - Jа добила најстрашната вест

Белгиските власти соопштија дека во нападите во Париз убиени се и двајца нивни државјани. Еден од нив е 47-годишниот Милко Јозиќ, кој по потекло е од Хрватска. Другата жртва е Белгијката Елиф Доган.
Милко и Елиф биле во врска и требало да се најдат во близина на Батаклан каде живеел Милко.

Поранешната сопруга на Хрватот, Ингрид и ќерката Лаурин милион пати се обиделе да го добијат Милко на телефон, но безуспешно. Лаурин се загрижила бидејќи не можела да ја пронајде ни Елиф, па започнала да бара информации на социјалните мрежи.
Јозиќ кој по професија е инженер, требало наредното утро да отпатува за Кина, но не се појавил на аеродромот. Како што соопштуваат медиумите, Милко последен пат испратил порака половина час пред пукањето.
За жал Ингрид и Лаурин подоцна ја добија најстрашната вест - Милко загина во терористичките напади.

Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
