Схинас: Посетата на Ципрас на Северна Македонија е во рамките на логиката за европска нормализација на Западен Балкан

Надлежниот комесар, господинот Хан, ја поздрави посетата која е токму во логиката за нормализација, европска нормализација на Западен Балкан, за која Грција, како институционално, така и на бизнис ниво, има и мора да игра одлучувачка одлука, вели Маргаритис Схинас, портпаролот на Европската Комисија за ставот на ЕК за неодамнешната посета на Алексис Ципрас на Скопје.
Во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, во однос на ситуацијата на Западен Балкан, особено по Договорот од Преспа, Схинас вели дека државите полека чекорат кон европскиот пат, нешто што е новина за регионот, јави дописничката на МИА од Атина.
-По многу години, постои една динамика во Југоисточна Европа и на Западен Балкан, за прв пат по многу години, сите земји од регионот јасно да се подредат на европскиот пат. Ова е релативно ново. Во минатото не беше ваква ситуацијата и ова е голем успех на Европа. Но, не само на Европа, туку секако и на државите од регионот кои полека полека се обидуваат да профитираат од оваа, како што оценувам, неповратна промена на општествените и политички сили кон Европа, вели Схинас и додава дека овој политички капитал не треба да се загуби, а и „не значи дека се отстранети сите ризици“.
Портпаролот на Европската Комисија вели дека беа потребни многу години за да се искорени иредентизмот од Балканските земји, но никогаш не треба да се испушти од вид дека „опасноста од иредентизам и етнички и други конфликти секогаш е постоечки, не само со зборови, туку и со реторики, тактики, споменици итн“.
Ново на Сител
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
