МОБ категорично ги демантира пишувањата во „Коха Диторе“ за концертот на тенорот Љахај
Од МОБ категорично ги демантираат пишувањата во весникот „Коха Диторе“ во врска со концертот на тенорот Рам Љахај, кој синоќа се одржа во МОБ.
Категорично ги демантираме дезинформациите дека оркестарот на МОБ саботирал или одбил да настапува, нагласуваат од МОБ.
– Уште посилно се спротивставуваме на дезинформациите дека причините за одлуката која ја донесе независниот фестивал наводно имаале етничка позадина. Напротив, ваквите надворешни проекти за МОБ и за оркестарот на МОБ се повеќе од добредојдени. МОБ цврсто стои на ставот дека музиката ги надминува националните граници, се подвлекува во реакцијата од МОБ.
Посочуваат дека концертот бил во целосна организација на независниот фестивал Сцена на албанската сериозна музика.
– Оркестарот на МОБ беше договорен да биде изнајмен како музичка поддршка на тенорот Рам Љахај. Поради технички причини и недостаток на време за музичко и техничко усогласување, организаторот и тенорот донесоа одлука концертот да се изведе без ангажирање на оркестарот на МОБ, се посочува во реакцијата и се додава оти публиката била соодветно информирана и концертот помина со музичка поддршка од пијанист при што се беше во најдобар ред.
Според весникот „Коха Диторе“ концертот „Рам Љахај и пријателите“ бил „спасен“ од албанскиот пијанист Генц Тукиќи, кој допатувал во Скопје откако станало јасно дека Оркестарот на Македонската опера го саботира албанскиот тенор.
Љахај е еден од истакнатите тенори на неговата генерација во светски рамки и е добитник на престижни оперски признанија.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора