-->
-->
Избори во Турција: Партијата на Ердоган освои 48 отсто од гласовите, опозициската ЦХП 31 процент
-->

12 политички партии денеска учествуваа на изборите во Турција на кои денеска граѓаните ги избраа локалните власти.
На изборите право на глас имаат 57 милиони граѓани и мандатот од избраниот кандидат ќе биде 5 години. Турција има вкупно 81 провинција, меѓу кои и 30 метрополи.
Во 2009 година, Ердоган станал популарен помеѓу арапскиот свет, обвинувајќи го израелскиот претседател Шимон Перес дека израелската офанзива е злосторство против човештвото поради убивањето на палестинските деца и цивили. По ова, тој во Турција бил пречекан како национален херој.
Во текот на 2010 година, тој ја посетил Атина, што претставувало историски настан за односите помегу двете земји.
За градоначалник на Истанбул бил избран на локалните избори од 27 март 1994 година. Подоцна, тој бил одуден на казна затвор поради потикнување на верска омраза. По ова, тој ја основал Партијата за правда и развој. Партијата, по само една година од своето основање, во 2002 година забележала победа на парламентарните избори.
Во почетокот, Ердоган не бил премиер, туку на таа функција стапил на 14 март 2003 година.
Како премиер, Ердоган спровел бројни реформи.
По 45 години, преговорите за пристапување на Турција во ЕУ биле отворени за време на неговиот мандат. Паралелно со ова, инфлацијата, која со децении имала негативно влијание врз економијата на земјата, била донесена под контрола и на турската лира и биле отстранети шест нули. Каматните стапки на јавниот долг биле намалени, а доходот по жител на Турција значително пораснал. Неговата партија победила на изборите од 2007 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле